Кузеска: Министерот Панче Тошковски или конечно да се разбуди или итно да биде сменет

од Milan1
39 прегледи

СДСМ како одговорна партија не сакаше да долева масло на огнот во кризата и ги остави институциите да ја вршат работата, но сега е јасно дека Владата нема капацитет да се носи со предизвиците и прави погрешни проценки за состојбите, истакна на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Мора да се обезбеди правилно и поефикасно користење на сите ресурси на државата во борба со пожарите.

Управувачкиот комитет бараме итно да направи план за распределба на достапните ресурси и превенција на кризните точки.

Во моментов не е јасно ниту дали се ангажирани републичките противпожарни сили преку дирекција за заштита и спасување. Доколку не се, потребно е целосно нивно ангажирање како и поголема мобилизација на армиските сили.

СДСМ смета дека недоволно и ненавремено се ангажираат армиските сили во поддршка на гасењето на пожарите. Бараме нивно поинтензивно вклучување и поддршка.

Министерот Панче Тошковски или конечно да се разбуди или итно да биде сменет.

Не може да гори 5% од теротиријата, да има изгорени илјадници километри квадратни шума а министерот којшто е надлежен да управува со комитетот за кризи никаде да го нема.

Бараме целосно да се посвети на управување со кризата и Управувачки комитет да е во постојано заседавање или целосно да се повлече, да биде заменет.

Чувството на граѓаните е дека едноставно Владата се обидува упорно да ја минимизира кризата со тоа што тера политичките агенди како ништо да не се случува.

Ова е неодговорно и погрешно. Ова потрвдува дека овие функционери не се дораснати за позицијата и дека во секоја следна криза наместо борба гради во гради ние ќе гледаме обиди за преансочување на вниманието на граѓаните.

СДСМ ќе остане конструктивна во своите апели и поддршка на институциите со конкретни предлози.

Активистите и членовите на СДСМ ќе бидат на терен со граѓаните секогаш кога е потребна поддршка. Потребно е сите заедно да придонесеме што побрзо да се заврши пеколот од кој изгореа над 5% од територијата на земјата, истакна Кузеска.

 

Слични содржини