Кузеска: Мицкоски застана зад протести кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза. СДСМ најостро ги осудува пораките, извиците, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите“, соопшти денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана. Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски“, смета таа.

Слични содржини