Изминува една и пол година од мандатите на градоначалнците од ВМРО-ДПМНЕ, период во кој целата јавност ја виде нивната неспособност. Над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните, а дури ги прекинаа и наследените проекти од градоначалниците од СДСМ, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
„Но затоа, градоначалниците на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски немаат проблем да ги задолжуваат општините и да удираат по џебот на граѓаните.
По општините Аердром, Гази Баба и Бутел, и Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот.
Драстично поскапи комунални услуги плаќаат граѓаните и на Охрид, Штип и Битола, како и на Општина Велес, но тоа не е пречка Јавното комунално претпријатие од оваа општина ЈКП Дервен да потроши над 28 милиони денари или неверојатни над 450.000 евра за времени вработувања.
Милиони евра за вдомување на партиски кадри во општините оваа година ќе потрошат и градоначалниците на Гази Баба, на Аеродром, Кочани, Илинден…
Ова, почитувани е учинокот на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ презема мерки за помош и поддршка на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку локалната власт што ја предводи удира по џебот на граѓаните и се грижи само за бизнис интересите на поединци.
Тоа е огромна и јасна разлика.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните.
Очекувано за едно вака значење за државата одредени поединци и партии како што се Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се служат со лаги и манипулации. Овде станува збор за два концепта , едниот е полноправно членство во Унијата, другиот е уназадување и на процесот со тоа и на државата. По однос на првиот дел до прашањето наскоро ќе има експертска група за формулација, и ги повикуваме сите да се вклучат и да учествуваат во реформите кои водат кон членство на земјата во ЕУ“, вели Кузеска.