Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ во одговор на прашање за денешната анкета на ИПСОС, каде се наведува дека опозицијата има голема предност пред власта.
Токму затоа, според Кузеска, Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните.
– Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации, истакна таа.