Кузеска: Профилите на Мицкоски и Груевски се извор на лажни вести

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Студија за Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан на Европската Унија го нотира профилот на социјалните мрежи на Христијан Мицкоски како извор на дезинформации и лажни вести!, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во оваа студија, Мицкоски не е сам, друштво му прават и неговиот ментор од Будимпешта, односно профилот на Никола Груевски како и неколку медиуми блиски до опозицијата. Со ова се потврдува она што јавноста одамна го знаеше. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главните извори на лажни вести во државата“, посочува таа.

Слични содржини