Кузеска: СДСМ нема да дозволи деструктивноста на Мицкоски и неговите блокади да ја закочат државата

од Берта Китинска
174 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска истакна дека во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади.

„Наместо како институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го користат македонското Собрание за блокади. Ова покажува дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушик на Никола Груевски нема граници. Во светската политика се случува обедунување на партиите за помош на граѓаните и стопанството во време на вакви големи кризи, само кај нас ВМРО-ДПМНЕ сее поделби и спроведува блокади“, вели таа.

Според неа, Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

„ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата, беше против воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петитот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светска банка за борба против пандемијата од КОВИД 19. Мицкоски е целосно и апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда. Со најавите за уште поголеми блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ, не ја блокира Владата. Мицкоски не му носи штета на СДСМ ниту на Владата“, порача Кузеска.

Слични содржини