„Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период, се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството“, изјави денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжуваат со блокадите.
Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните.
Нивното такво деструктивно однесување одново ќе биде поразено“, посочи таа.