Кузеска: Се расипал радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром – до кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ?

Македонското небо е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден, обвини Кузеска

од Nikola Popovski
10 прегледи

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, обвини денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, ова не е само технички дефект туку, како што вели, последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас.

-Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација. И македонското небо е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден.

Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи. Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта? Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“, додава Кузеска на прес-конференција.

Таа постави неколку прашања до централната власт.

-Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар? До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен, истакна, меѓу другото, Кузеска.