Кузеска: Следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто, минималната плата ќе изнесува безмалку 20.000 денари

од Nikola Popovski
237 прегледи

Благодарение на навремените и ефикасни мерки преземени од Владата предводена од СДСМ, успеавме да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и да им помогнеме на компаниите. Во оваа, 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа навести дека веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.

-Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари. Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори.

Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто.

Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност.

Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки, посочи Кузеска на прес-конференција.

Слични содржини