Кузеска: СОНК продолжува со уцени кои се единствено на штета на учениците

од Берта Китинска
169 прегледи

Правото на штрајк е уставно загарантирано, но исто така и правото на образование.Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено раководството на СОНК се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Тааа вели дека владата предводена од СДСМ има предложено конкретен предлог за зголемување на платите во образованието и детската заштита од 10 проценти или во просек над 2500 денари.

-Во време на глобална економска и енергетска криза кога владата прави се да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи ценовни шкови.Во време кога течат законските рокови за усгласување на минималната плата.Одбивање на понудата значи продолжување на бесмислените уцени од страна на СОНК на штета на образовниот процес на учениците и ги става личните интереси пред интересот на децата.СОНК смета дека 10 отсто или покачување на платите меѓу 2.500 и 3.000 денари не е доволно?Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок, уцена со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата, посочува Кузеска.

Слични содржини