Кузеска: „Сваровски судиите“ го укинаа притворот на Мијалков

од Nikola Popovski
313 прегледи

Мијалков е човек што воспостави поинаков систем, во кое ненормалното беше поставено како нормално. Зборуваме за судскиот систем и контроверзните судски случаи, за малиот Алмир, за Сеад Кочан и за настаните од 27-ми април. Тој и ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за систем на заробена држава, поставување судии по нивни терк, Сваровски судии, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во гостувањето на дебатна емисија на Алсат Тв, зборувајќи за укинувањето на притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Кузеска информира дека затоа тие како партија вчера побарале будност од институциите и граѓаните, затоа што Мијалков веќе еднаш беше недостапен за безбедносните органи.

-Сите граѓани многу добро знаат дека Мијалков беше недостапен за институциите и сега ризикот е повторно голем. Оваа одлука директно ја загрозува правдата, не само за овој предмет, туку и за сите останати кои се водат за него, како и за криминалот на други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Судиите се независни но оваа срамна и скандалозна одлука отвора сериозни сомнежи и претставува директен удар врз кредибилитетот на судството да испорача правда за секој, рече портпаролката на СДСМ.

Слични содржини