Кузеска вчера не носеше маска, Идризово е блиску до Трубарево, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Ваквото лицемерие на СДС е прочитано од граѓаните, велат од Белата палата

од Vladimir Zorba
75 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Лицемерието на СДСМ продолжува. Кузеска вчера на забавата во Центар не носеше маска, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

“Додека навидум изразуваат загриженост зад кулисите, надвор од очите на јавноста се расположени и лабави, уживајќи во придобивките на животот кој Зоран Заев им го донесе.

Оттука вчера на забавата на општина Центар каде пола раководство на СДС расположено играше и пееше сред Центар, Богданка Кузеска заборави дека не носеа маски и заборавија на паниката која ја шират и лажната грижа за граѓаните.

Ваквото лицемерие на СДС е прочитано од граѓаните.

Овие нивни прес-конференции кои се лажни, дволични се само одраз на забеганоста на нивното раководство кое додека штанца непромислени соопштенија и прес- конференции, не може да сфати дека не живееме сите на Марс како нивното раководство, и се гледаме низ Скопје, а гледаме и колку се загрижени за ситуацијата.

Тоа што е најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат за подметнатите пожари пред избори (кои никогаш ги немало минативе години). Е тогаш ќе им требаат маски бидејќи Идризово е блиску до Трубарево”, се додаваа во реакцијата.