Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криинал

Кузеска прашува „како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат најблиски деловни сојузници на власта?“

од Nikola Popovski
21 прегледи

„Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнитена, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор“ – ова денеска го соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа на денешната прес-конференција го прикажа договорот склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра. Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка.

Кузеска прашува „како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници?“.

„Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, треато нема. Со оваа власт, лагата стана државна политика. Бараме Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за сите негови лажни изјави и Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД Инженеринг“, кажа портпаролката на СДСМ.