Нервозата кај деструктивната, антиевропската партија ВМРО-ДПМНЕ кулмира, а се манифестира со навреди, говор на омраза и скандалозни споредби во македонското Собрание. ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нацист, соопшти на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Европската унија, нашите пријатели од Германија се нацисти!Навредливиот речник на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за секаква осуда и го урива угледот на државата и на законодавниот дом.
Дали за ВМРО-ДПМНЕ нацисти се и инвеститорите од Германија кои имаат инвестирано милиони евра во нашата татковина?
Зарем за ВМРО-ДПМНЕ Кромберт и Шуберт, Дркселмајер, Гересхајмер кои веќе имаат фабрики во земјава се нацисти?
Или можеби германските фондации, како Конрад Аденауер со која соработува токму ВМРО-ДПМНЕ?
И тие ли се нацисти за ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува Кузеска