Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги враќа изведувачите на „Скопје 2024“ во нивните бизнис шеми

од Nikola Popovski
136 прегледи

СДСМ објави документи за постоење на, како што велат, систем и корупција за испумпување на пари преку јавните набавки во државните и општинските институции предводени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Според портпаролката Богданка Кузеска, денешниот скандал е пример за директен конфликт на интерес и корупција во Министерството за дигитална трансформација.

-Во министерството на Стефан Андоновски каде втор човек е државниот секретар Гордана Клинчарова, тендери добива фирмата на нејзиниот сопруг Мартин Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема е во вредност од 2,4 милиони денари, а вториот за набавка на ИТ-опрема во вредност од 529 илјади денари. Само од овие два тендери, околу 50 илјади евра завршиле во фирмата кај сопругот на Клинчаровa која е државен секретар во истото министерство. Ете каде завршуваат парите на граѓаните – во семејните фирми на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Кузеска на прес-конференција.

Портпаролката на СДСМ прашува каква е улогата на Андоновски и дали и тој бил соучесник во скандалот, бидејќи, како што вели, неговото име и презиме стои на договорите како потписник. Кузеска е децидна дека на голема врата, ВМРО-ДПМНЕ ги враќа изведувачите на „Скопје 2014“ во нивните сегашни бизнис шеми.

-Истата оваа фирма на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на „Скопје 2014“ за поставување на мермер и изведба на мостот „Гоце Делчев“. Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски. И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат, посочи Кузеска.

Слични содржини