Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не е да се изнајде решение и земјата да оди напред

од Берта Китинска
207 прегледи

Република Северна Македонија со Република Бугарија има потпишано Договор за добрососедство и врз основа на содржината во тој договор се одвиваат ипреговорите и изнаоѓањето на решенијата за ова отворено прашање коешто трае долги години, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одговрајќи на прашањето во врска со барањата на опозицијата да се објави за што Владата преговора со Бугарија.

– Она што опозицијата треба прво да каже е од кој тие дипломатски извори излегуваат со толку информации којшто можат навистина да наштетат на процесот. Опозицијата не е заинтересирана за ништо, опозицијата е заинтересирана само да наштети на процесот и секако да го блокира, да го кочи најмногу што може, бидејќи од интерес на ВМРО-ДПМНЕ не е да се изнајде решение и земјата да оди напред. Владата предводена од СДСМ и овој процес го води транспарентно. Секако остануваме посветени на дијалогот затоа што само со дијалог може да се дојде и до конкретно решение, вели Кузеска.

Слични содржини