299
Тоа што беше најавено ред, правда и дисциплина ќе биде исполнето од оваа влада, најави Богданка Кузеска од СДСМ во емисијата Само Вистина на Канал 5.
Таа додаде дека денешната долука на владата за намалување на судската такса е потврда за започнување на реформите во судството.
-На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати од 48.000 денари на 6.000 денари.Во судството ќе има реформи и правдата ќе биде достапна до сите. Поради тој ценовник многу од граѓаните се повлекуваа од брањето на правдата, вели Кузеска.