309
„Ставот на СДСМ е да има одвоени избори. За кога ќе треба да гласаат граѓаните за претседател без да слушаат партиски призвук,за да го запознаат подобро кандидатот. Вие зборувате за да заштедите за изборите, за граѓаните, па вие блокиравте закони за антикризни мерки за граѓаните. Но, парите од антикризните мерки сепак стигнаа до граѓаните,“ рече Кузеска.
Во врска со протестите кои се случуваат, Кузеска посочи дека протестите се демократско право на граѓаните, и ова е време кога граѓаните живеат во демократија, без страв дека ќе биде заокружен со црвено дека учествувал на протест и ќе му се закануваат. Притоа посочи и дека протестите се за плати за кои се во тек преговори.