225
Квентин Тарантино е познат по тоа што во неговите филмови вклучува кадри од женски стапала. Можеби изгледа необично, но режисерот има причина за тоа.
Иако ретко зборуваше за тоа зошто снима женски стапала, ја откри причината во 2021 година во интервју за G2.
Тарантино откри дека тоа е одлика на добри режисери.
„Стапалата се појавуваат во филмовите на многу добри режисери. Тоа е знак дека режисерот е добар“, објаснува Тарантино.