КЗБ покажа загриженост поради ширењето на мајмунските сипаници, вели Мехмедовиќ

од Берта Китинска
240 прегледи

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ информираше дека КЗБ покажала загриженост затоа што имаме ширење на мајмунските сипаници.

„Можам да кажам дека Комисијата покажа загриженост затоа што имаме ширење на мајмунските сипаници во светот и тоа надвор од оние ендемични базени како што е Централна Африка и западна Африка. Светот како и Светската здравствена организација, и сите останати релевантни институции кои што ги следат заразните болести исто покажуваат одреден степен на загриженост во однос на тоа како се шират мајмунските сипаници. Од тие причини денеска на Комисијата беа дискутирани и клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите кои што ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници“, додава д-р Мехмедовиќ.

Тој појасни дека оваа епидемија на сипаници не може да се спореди со ковид епидемијата.

Слични содржини