Лајчак: Ако нема ЗСО, нема договор

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за емисијата Око на РТС што ќе се емитува вечерва во 18:25 часот на РТС 1, зборуваше за предусловите за спроведување на европскиот план и го спомена формирањето на Заедницата на српските општини како главен.

Лајчак рече дека ако се погледне предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.

Тој во неколку наврати повтори дека Заедницата на српските општини мора да се формира и подвлече дека „ако нема ЗСО, нема договор“.

Целта, вели Лајчак, не е некој да победи или да загуби.

„Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата“, потенцира Лајчак.

Средбата во Охрид, напоменува, има за цел да се договори за исполнување на договорот, кој има таква поддршка од ЕУ што, како што нагласи, не памети во минатото.

Мирослав Лајчак од вчера е во Белград. Тој денеска ги продолжува разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Оствари средба и со дел од опозицијата.

Слични содржини