Лајчак во посета на Косово и Србија

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Претставникот на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, повторно е во Приштина, а подоцна денеска ќе го посети и Белград.

Тој со највисоките претставници ќе разговара за француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти пред средбата со Лајчак разговараше со амбасадорите на Квинтата.

Во интервју за новинската агенција АП, Курти ѝ порача на меѓународната заедница да не врши притисок врз Косово да формира заедница од српски општини и дека фокусот треба да биде ставен на „демократизацијата на Србија и отстранувањето на српските хегемонистички идеи“.

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, доаѓањето на специјалниот пратеник на Европската унија, Мирослав Лајчак, во Приштина и во Белград го оцени како облик на притисок за спроведување на француско-германскиот предлог и формирање заедница на српски општини во Косово.

„Дипломатските активности се забрзуваат“, рече Брнабиќ.

Слични содржини