Лајчак за европскиот предлог: „Сега треба да се одреди кој што треба да направи“

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека прифаќањето на европскиот предлог е позитивна порака и оти сега е неопходно да се фокусираме на спроведувањето на анексот, кој, како што рече, ќе биде главен тема на претстојната средба во Охрид.

„За да се имплементира договорот, сега треба да се одреди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи“, рече Лајчак на онлајн-конференцијата „Европа и Русија на балканскиот фронт“ организирана од Италијански институт за меѓународни политички студии (ISPI).

„Откако е прифатен договорот, ние сме фокусирани на имплементација на анексот, кој е клучен елемент“, посочи тој.

Слични содржини