Ла Лига ги продаде ТВ правата за 4,95 милијарди евра

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Шпанската Ла Лига постигна договор за продажба на ТВ правата на домашното емитување на Movistar и DAZN за 4,95 милијарди евра во период од пет години, објави раководството на лигата.

Тоа е рекорден договор за елитната класа на шпанскиот фудбал бидејќи последниот договор, потпишан со Telefonicа во 2018 година, беше тригодишен договор од 2,9 милијарди евра.

Правата ќе бидат споделени помеѓу ТВ операторот и over-the-top (OTT) услугата за видео стриминг. Секој од нив ќе има право на пет натпревари неделно освен три недели во сезоната кога Movistar ќе има право на сите натпревари.

Правата за пренос на натпревари во барови и ресторани и за неделен натпревар на ТВ без претплата не се вклучени во договорот, а процесот на наддавање за нив ќе биде отворен во февруари или март 2022 година.

– Ла Лига успеа да ги одржи стабилни приходите од аудиовизуелна дејност во време кога повеќето големи европски лиги ја достигнаа горната граница или доживеаја намалени вредности во последните циклуси во кои многу индустриски експерти предвидуваа значителни намалувања – се наведува во соопштението, пренесе Хина.

Ла Лига е првата од петте најдобри европски фудбалски лиги што постигна договор за домашни ТВ права кои се поголеми од претходната.

Германската Бундес лига, италијанската Серија А и француската Лига 1 забележаа пад на приходите во нивните најнови ТВ договори, додека англискиот премиерлигаш го промени пакетот под истите финансиски услови уште три сезони.

Слични содржини