La Scolca – Италијанска икона на вкус и префинетост

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Италијанскиот вински бренд La Scolca кој со децении ги освојува љубителите на врвните вина ширум светот, сега е достапен и во Македонија, благодарение на компанијата Алхемист која е официјален дистрибутер на овој бренд во земјата. Родено во срцето на Пиемонт, ова исклучително вино носи во себе историја, традиција и елеганција која се чувствува во секоја капка. Совршен спој на префинетост и модерен стил, La Scolca нуди три незаборавни етикети – секоја со свој уникатен карактер и приказна.

La Scolca Black Label – Симбол на италијанскиот луксуз, ова вино нуди богато и софистицирано искуство кое ги надминува очекувањата на најпребирливите вински познавачи. Аромата е комплексна, со ноти на бели цветови, цитрус и минерaлна свежина, додека вкусот е длабок, елегантен и долготраен. Вино кое остава впечаток и го дефинира поимот совршенство.

La Scolca White Label – Вино кое ја носи автентичноста на La Scolca, но со подостапна цена, овозможувајќи повеќе љубители на доброто вино да уживаат во неговиот вкус. Со освежувачки ароми на зелено јаболко, круша и нежни цветни ноти, ова вино нуди лесна структура, префинета киселост и балансиран вкус кој совршено се вклопува во секоја прилика – од неформални дружења до ексклузивни вечери.

La Scolca Valentino – Вино создадено за новата генерација љубители на бело вино. Со понизок процент на алкохол, но со задржана комплексност и свежина, Valentino плени со својата нежност, овошни ноти и лесна питкост. Совршено за моменти на чисто уживање без компромиси.

Gavi La Scolca е вино кое го претставува вистинскиот дух на елеганцијата и изразениот квалитет, избрано од светската елита заради неговата уникатност и карактер. Ова безвременско вино се произведувало и за специјални прилики и настани на познати личности како Том Круз, Колин Ферт, Кралицата Елизабета и Елтон Џон. Gavi La Scolca е вино за посебни моменти, оставајќи незаборавен впечаток кај оние кои имаат вкус за извонредност. Последно, La Scolca беше послужено на настанот во Highgrove House, во присуство на Крал Чарлс III и Кралицата-консорт Камила, на вечера на која се афирмира односот помеѓу Италија и Обединетото Кралство.

La Scolca е повеќе од вино – тоа е искуство што внесува италијанска префинетост во секој момент. Без разлика дали уживате во богатството на Black Label, свежината на White Label или лесната питкост на Valentino, секоја голтка носи дел од традицијата и мајсторството на Пиемонт.

Достапно е за продажба преку Инстаграм профилот на компанијата Алхемист alchemist_mk, а во истото може да уживате и во Wineberry Bistro & Shop, рестораните Сушико, Сушико Зен, Воденица, Forza Fusion , Ботаника, Маџо, Маракана, Интермецо, Уранија и ексклузивно во италијанскиот ресторан Салваторе, каде што совршено се вклопува во внимателно избраните гастрономски вкусови.

Со La Scolca, секој момент добива поинаква димензија – суптилна, софистицирана и исполнета со италијански карактер.

Слични содржини