Лабудовиќ: Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење

Според Лабудовиќ, сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: ЗНАМ

„Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ“, изјави денеска кандидатот на ЗНАМ за градоначалник во Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Како што тврди, резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Според Лабудовиќ, сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар.

-Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар! Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни. Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина, порача меѓу другото Лабудовиќ.

Слични содржини