Лабудовиќ ветува проект „Топол оброк“ за најзагрозените

„Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните“, потенцираше Лабудовиќ

од Nikola Popovski
33 прегледи Фото: ФБ профил на Мирослав Лабудовиќ

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар.

„Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието,“ изјави Лабудовиќ.

Тој најави дека општината ќе спроведе проект за формирање дневни центри и „Сениор Центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници. Дополнително, ќе се воведе и проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените.

„Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните,“ потенцираше Лабудовиќ.

Паралелно, тој најави силен фокус на локалниот економски развој и поддршката на малите и семејни бизниси, кои се двигател на Центар.