Лацио му верува на Сари, но тој се уште не одлучил дали сака да остане

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Елиминацијата на фудбалерите на Лацио од Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите и покрај водството од 1:0 од првиот меч, не влијаеше на довербата што челниците на римскиот клуб ја имаат во тренерот Маурицио Сари.

Клубот од „Олимпико“ се огласи и истакна дека сите тврдења дека искусниот стручњак ќе биде сменет се „непроверени“ и „неточни“ и дека ја има нивната апсолутна поддршка.

„Не станува збор за недоверба кон Сари. Не размислувавме за нов тренер во клубот бидејќи имаме апсолутна доверба во актуелниот шеф на стручниот штаб. Тој има договор до 2025 година и нема причина да го раскине порано “, велат од Лацио, пренесоа италијанските медиуми.

Од друга страна, пак, некои весници пишуваат дека самиот Сари се уште не одлучил дали сака да остане во Лацио или би сакал да ја продолжи кариерата на друго место.

Очигледно веќе добил две понуди за кои сериозно размислува, а една од нив е враќање во Наполи каде работеше до 2015 до 2018 година.

Слични содржини