Лагард: 2021-ва ќе биде година на закрепнување

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска изјави дека очекува 2021 година да биде „година на закрепнување“ на еврозоната.

„Очекуваме трендот на закрепнување да се забрза во средината на годината, дури и ако трае неизвесноста околу вакцинацијата“, рече Лагард во интервју за „Le Journal du Dimanche.“.

И покрај тоа, ЕУ „нема да забележи враќање на „предпандемските нивоа на економска активност пред средината на 2022 година“, додаде Лагард.

Европските официјални лица претходно изјавија дека заздравувањето на еврозоната од коронавирус не е запрено, туку само се забавува.

Слични содржини