Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека на следното свикување на Европската комисија се очекува да посвети уште поголемо внимание на проширувањето и нагласи дека перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ сега е посилна и појаснa од кога било во последните 20 години, од самитот во Солун.
„Европската унија е поподготвена од кога и да е во последните 20 години и важно е Балканот да не го пропушти возот бидејќи тој можеби е единствениот во однос на членството“, рече Лајчак на Економскиот форум Делфи.
На прашањето што се очекува од ЕУ по изборите кога станува збор за проширувањето, тој рече дека генерално се очекува следната ЕК да посвети уште поголемо внимание на проширувањето и подвлече дека во Брисел се зборува дека главните агенди на следната ЕК ќе биде проширувањето и одбраната.