Лајчак и Ескобар на петти и шести јуни во Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог, Мирослав Лајчак, и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во понеделник и вторник ќе престојуваат во Белград и Приштина, потврдено е денеска за „Танјуг“.

Како што било наведено, главната цел на заедничката посета е да се смират тензиите на северот на Косово.

Тензиите на северот ескалираа на почетокот на неделата, поради протестите на Србите од северот на Косово кои не ги прифаќаат новоизбраните градоначалници на четири општини кои беа избрани по вонредните локални избори одржани на 23 април.

Слични содржини