Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, го поздрави денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан во Лондон, чиј домаќин беше британскиот министер за надворешни работи, како „многу корисен“, истакнувајќи дека интеграцијата на регионот во ЕУ нема алтернатива.
„Многу корисна средба Велика Британија-ЕУ-САД плус Западен Балкан во Лондон. Нема алтернатива за ЕУ-интеграцијата на регионот. Драго ми е што сите учесници го истакнаа тоа“, напиша Лајчак на Твитер.
Домаќин на состанокот во Лондон е државниот секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, Елизабет Трас. На средбата присуствуваа и пратеникот на британскиот премиер за Западен Балкан, Стјуарт Пич и заменик-помошникот државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар.
Во име на Србија на средбата учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи