Лајчак: Отворањето на пристапните преговори со С. Македонија треба да биде новата реалност

од Nikola Popovski
198 прегледи

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак изјави дека руската агресија ги поткопува столбовите на глобалната архитектура и дека процесот на проширување на ЕУ го прави политички и покажува дека тоа не е само техничка работа.

Како што истакна тој на првата сесија на Преспа форумот за дијалог, таа војна на Балканот покажа дека нема време за самодоволност и дека регионот не може да застане меѓу две реалности.

„Војната во Украина предизвика замаец, но тој замаец нема сам да се претвори во нов квалитет. Не можеме да седиме и да чекаме да се случи тој момент. Ни треба јасност и мораме да работиме заедно со шестте земји од Западен Балкан и да сфатиме дека сега е време да се донесат овие одлуки и дека двете страни мора да го направат својот дел. Која е новата реалност? На почетокот тоа е отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“, рече Лајчак.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас оцени дека војната во Украина го истакна стратешкото значење на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, но нагласи и дека Унијата има незавршена работа.

Тој ја повтори изјавата на премиерот Киријакос Мицотакис од 10 јуни дека критериумите треба да дадат шанса да се заврши интеграцијата на Западен Балкан до 2033 година, што е многу амбициозна, но остварлива временска рамка.

Слични содржини