Лајчак: Продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата во северно Косово

од Radmila Tasevska
396 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денес, сумирајќи ги настаните од изминатата недела, изјави дека продолжуваат напорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Лајчак на Фејсбук потсети дека на почетокот на оваа недела ги посетил Белград и Приштина со цел да ги следи напорите на ЕУ за изнаоѓање решение за тензичната ситуација на северот на Косово, нагласувајќи дека тие посети му помогнале да ја разјасни ситуацијата на земјата и потребните следни чекори.

„Главниот фокус беа моите средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград и со претседателот и премиерот на привремените приштински институции Вјоса Османи и Аљбин Курти во Приштина, каде што беа истражени опциите за патот напред во согласност со барањата на ЕУ за деескалација на северот на Република Косово и организирање нови локални избори со учество на косовските Срби, како и враќање на дијалогот“, посочи Лајчак.

Слични содржини