Лајчак: Северна Македонија направи се за да добие статус на кандидат за членство во ЕУ

од Milan1
353 прегледи

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за Западен Балкан, Мирослав Лајчак изјави дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива.

Процесот е многу побавен отколку што се надевавме и посакувавме“, рече Лајчак на Балканскиот форум за интеграција во Подгорица, наведувајќи ги „објективните околности што влијаеле на него“ – Брегзит, мигрантската криза, но и скептицизам кај одредени членови.

Тој рече дека е убеден дека не треба да се чека ЕУ да си ги реши проблемите и дека се плаши ЕУ да не го изгуби Западен Балкан.

„Треба да го забрзаме процесот, но не само да ја критикуваме ЕУ, туку реално да видиме колку позитивни сигнали испраќа регионот“, рече Лајчак.

Тој рече и дека земјите од Западен Балкан треба да го вратат кредибилитетот на процесот.

„ЕУ не е задоволна и сега треба да си помогнеме“, рече Лајчак.

Во врска со Северна Македонија, Лајчак истакна дека прашањето е само „кога“, бидејќи таа земја направила се за да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Тој рече дека сите земји од регионот имаат доволно работа во процесот на интеграција и ЕУ ќе го искористи тоа време за да ги реши своите проблеми, а ЕУ има доволно капацитет да ги води двата процеса истовремено.

На прашањето на модераторот за парите од регионот кои одат во ЕУ и инвестициите во регионот во однос на земјите членки, Лајчак рече дека прашањето е малку неморално. „Ајде помалку да шпекулираме колку ЕУ треба да даде и да видиме што направи Црна Гора за една година“, рече Лајчак.

Тој рече дека ЕУ е убедливо најсилниот инвеститор во регионот, трговски партнер и дека дава голема помош. „Тоа се пари на граѓаните на ЕУ кои се свесни дека парите идат тука“, рече Лајчак.

Лајчак рече дека ЕУ и тој лично го поддржуваат процесот на заедничкиот регионален пазар во рамките на Берлинскиот процес. „Ние не мислиме дека проектите што го делат регионот се добри за регионот“, рече тој.

Лајчак рече дека гледа дека глобалниот политички поредок се менува и дека има многу играчи и дека сака ЕУ да се позиционира на глобалната сцена.

„Ако тоа се случи, одговорот е во Западен Балкан, ако покажеме дека сме подготвени да ги промовираме нашите вредности во Западен Балкан и тој да ги прифати, тогаш можеме да се свртиме кон други региони“, рече тој.

Слични содржини