Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија. По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство – соопштија од ЈП „Лајка“.
-Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност – велат од ова јавно претпријатие.
Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка денеска пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства, соопштија од стационарот.
Од „Лајка“ се заблагодаруваат на сите вдомувачи, админи, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт.