„Лајка“: На излезот од Охрид се организираат крвави борби со кучиња, надлежните да реагираат

од Nikola Popovski
434 прегледи

Иницијативата за заштита на животните, „Лајка“ денеска сподели со јавноста дека во околината на Охрид, на излезот према Струга, на јавна површина има направен ринг за борби на кучиња. Како што истакнуваат оттаму, лица кои ѝ се добро познати на полицијата, организираат борби.

-Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија), истакнуваат меѓу другото од „Лајка“.

Бараат реакција од надлежните, особено од Министерството за внатрешни работи и Општина Охрид.

-Не може и не смее за некого законите да важат (и за најмали ситници), а за некои да не важат (и за вакви големи зла). Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи, стои во објавата на „Лајка“.

Слични содржини