„Лајка“ од денес ќе заловува кучиња во Аеродром

од Nikola Popovski
374 прегледи

ЈП „Лајка“ известува дека од денес понеделник, нивниот заловувачки тим ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.

-Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (03-07 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected], порачуваат од „Лајка“.

Слични содржини