Лајка спроведува интензивно заловување: Граѓаните да пријават бездомни кучиња на трасата на маратонот

од Илинка Илиоска
26 прегледи

ЈП Лајка Скопје информира дека поради одржувањето на Виз Ер Скопски маратон, тимот на заловувачи ќе спроведува интензивно заловување на трасата на маратонот од 1 до 5 октомври. Дел од кучињата кои веќе минале хуман третман во претпријатието ќе бидат привремено сместени во прифатилиштето на Лајка до завршувањето на маратонот, кога ќе бидат вратени на својата оригинална локација.

Претпријатието апелира до граѓаните да бидат внимателни и ако забележат куче на трасата што не поминало третман или ако видат опасно куче, да се јават на адресата [email protected]. Оваа акција е дел од напорите на Лајка за заштита и благосостојба на животните во градот, со цел да се обезбеди безбедност за учесниците во маратонот и да се намали ризикот од инциденти.

 

Слични содржини