ЈП Лајка информира дека дека стерилизациите и тестирањата на сите бездомни кучиња на територијата на град Скопје се бесплатни.
-По многубројните пораки и прашања од хумани граѓани сакаме да информираме дека за услугите ЈП Лајка не наплаќа дополнително, напротив вдомувањата се бесплатни и граѓаните не плаќаат никаков надоместок за тоа.Пријавувајќи бездомни кучиња за стерилизација како хумани и совесни граѓани придонесувате во намалување на популацијата на бездомни кучиња на територија на град Скопје. Ветеринарните интервенции како стерилизација/кастрација, кои се спроведуваат во Ветеринарната служба на прифатилиштето на ЈП Лајка се извршуваат во современо опремена сала за оперативни зафати од тој тип, со соодветни техничко хигиенски услови и стручен кадар, со цел обезбедување целосна заштита од инфекции на кучињата при изведба на овие ветеринарни практики и хуман третман на бездомните кучиња. Пријавете маалски миленик за БЕСПЛАТНА стерилизација на [email protected], велат од Лајка.