„Лајкамобајл“ со телефонски услуги од 1-ви јули

од desk3
81 прегледи

 

lycamobile-macedonia

За десет дена почнува со работа новиот виртуелен оператор „Лајкамобајл“. На веб страницата на операторот корисниците веќе може да ги видат пакет услугите кои овој оператор ќе ги нуди на македонскиот пазар. „Лајкамобајл“ ќе оперира со префиксот 079, а компанијата веќе се нотифицирала во Агенцијата за електронски комуникции и имаат добиено 175 илјади броеви. Од компанијата велат- ќе донесат ниски цени на телекомуникацискиот пазар. Активни се во 20 држави, а имаат над 15 милиони корисници.