Лајм ексклузивно: Се формира „Единство“, партија од поранешни “побунети” функционери на ДУИ

од desk3
89 прегледи

Иницијативата за основање нова партија на албанците во Македонија, која претежно ја сочинуваат бивши “побунети” функционери на ДУИ, почнала да се конкретизира, информира Лајм.
Како што информираат за ”Лајм” извори блиски до оваа инцијатива, веќе е започнато собирањето на 1.000 потребни потписи за официјално регистрирање на субјектот.

111_OStreni_854891420

Од инцијативниот совет информираат екслузивно за “Лајм” дека името на партијата ке биде “Унитети” (Единство).

Иницијативата на терен ја води пратеникот на ДУИ, Зулфи Адили, но зад неа стои бившиот командант на штабот на ОНА, и долгогодишен генерален секретар на ДУИ, Гзими Острени, кој најверојатно ке биде и претседател на партијата.

Членовите на основачкиот совет на оваа партија почнале да остваруваат средби со сите функционери на ДУИ, освен со Али Ахмети, Муса Џафери, Абдулаким Адеми и Артан Груби, барајќи од нив да им се приклучат,

Официјална причина за формирање на оваа партија е недостигот на реформи во ДУИ, но неофицијално, станува збор за незадоволство од големото влијание во партијата на Муса Џафери и Абдулаким Адеми.