Лајпциг повторно става „катанец“ на стадионот поради коронавирусот

од Nikola Popovski
269 прегледи

Фудбалскиот клуб Лајпциг претстојните натпревари ќе ги игра без публика поради зголемениот број на заразени со корона..

Лајпциг е еден од градовите со најголем број на нови случаи на зараза во провинцијата Саксонија, каде стапката на инфекција е најголема, а вакцинацијата најниска во споредба со другите региони.

Бидејќи установите за интензивна нега се полни, властите во тој регион го забранија присуството на гледачи на спортските настани, што значи дека Лајпциг во недела пред празни трибини ќе го пречека Баер Леверкузен во Бундес лигата.

Исто така, Лајпциг на 7 декември ќе игра без публика против Манчестер Сити, во последното коло од групната фаза на натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Тренерот на Лајпциг, Џеси Марш и голманот Петер Гулачи нема да бидат на натпреварот против Баер, бидејќи се заразени со коронавирусот.

Зголемувањето на бројот на заразени ќе влијае и на посетите на стадионите во другите региони, па така Баерн Минхен против Арминија во сабота ќе може да пополни само 25 отсто од капацитетот.

Сите четири германски клубови кои одиграа натпревари во Лигата на шампионите оваа недела имаа најмалку еден заразен играч во своите тимови.

Слични содржини