Лајпциг пропушти да нанесе голем удар против Зенит

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Тимот на Лајпциг одигра многу силен дуел, но го победи Зенит со само 2:1 во првиот натпревар од 1/8-финалето во Лигата на Европа.

Одличната изведба на Тимо Вернер – постигна еден и помогна за другиот – им даде на Германците мала предност пред натпреварот во Санкт Петербург по една недела.

Тимот на Роберто Манчини беше разочарување поголемиот дел од времето, а повеќе од 70 минути дури и не ја погодија рамката на голот на „црвените бикови“.

Домаќините водеа убедливо со два погодока, но четири минути пред крајот Доменико Кришито реализираше директен слободен удар, што остава реални шанси Русите со минимална победа на домашен терен да продолжат во најдобрите 8.

Резултати од дуелите од 21:05 часот:

Лацио 2 – 2 Динамо Киев
Марсеј 3 – 1 Атлетик Билбао
РБ Лајпциг 2 – 1 Зенит
Спортинг Лисабон 2 – 0 Викторија Плзен.

Слични содржини