Една од ѕвездите на Арсенал, Александar Лаказет доби казна за 3 натпревари во европските
клубски турнири, откако доби директен црвен картон во првиот натпревар против БАТЕ (Борисов)
во Лига Европа.

Францускиот напаѓач удри ривал без топка при поразот со 0:1 во Белорусија и се очекува да ги
пропушти и двата дуела со Рен во 1/8-финалето, откако „топџиите“ го елиминираа БАТЕ по 3:0 на
свој терен.
Има некаква веројатност санкцијата да биде скратена при жалба од страна на Арсенал.
Во амбулантата на „топџиите“ е Даниел Велбек, што значи дека менаџерот Унаи Емери може да
смета само на еден класичен напаѓач – Пјер Емерик Обамејанг.