Ерик Ламела го постигна својот прв гол за Тотенхем по 16 месеци при победата над Њупорт со 2: 0 во ФА Купот синоќа и менаџерот Маурисио Почетино очекува Аргентинецот повторно да биде на најдобро ниво.
Напаѓачот се немаше запишано во листата на стрелците од септември 2016-та, по што беше надвор од терените повеќе од една година поради проблеми во бутот, но сега повторно е подготвен и минатиот викенд беше со основен придонес за бодот против Ливерпул, кога го освои вториот пенал во самиот крај.
„За офанзивен фудбалер секогаш е важно да постигнува голови, а освен тоа тој забележа и 90 минути, што исто така беше од значење, бидејќи Ерик останува важен играч за нас“, изјави Почетино по натпреварот.
„Кога си надвор од игра повеќе од една година не е лесно да се вратиш и веднаш да играш, како што си го правел тоа претходно. Тој, сепак, покажува дека го сака фудбалот и на психолошки план сметам дека е фантастичен. Затоа и мислам дека ќе се врати на старото ниво, бидејќи научил многу од тешкотиите“, додаде тренерот на тимот од Лондон.