Лана Дел Реј за прв пат во јавноста со 17 години постариот партнер

од Nikola Popovski
68 прегледи

Американската музичарка Лана Дел Реј за прв пат е видена во јавноста со нејзиниот нов партнер Џереми Дуфрен. Папараците ги фотографирале додека ја напуштале свадбата на манекенката Карен Елсон и Ли Фостер.

Американските медиуми јавуваат дека се запознале во 2019 година. Дуфрен работи како туристички водич и од претходната врска има две ќерки и еден син.

Веќе неколку месеци на интернет кружат гласини дека двајцата се заедно. Многу обожаватели ја критикуваа Лана затоа што излегува со 17 години постар маж, а некои сметаат дека тој не е на нејзино „ниво“.

„Како можеше да помислиш да бидеш со старец?“, „Лана, сите знаеме дека сакаш постари мажи, но овој пат навистина претера“, „Се надевам дека наскоро ќе се свести и ќе раскине со него“ , „Оваа врска е смешна“, се дел од коментарите.

Пејачката не одговорила на негативните коментари. Неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира со двајца пријатели и Џереми, а во описот го нарече „свој маж“.

На почетокот на минатата година беше објавено дека Лана се свршила со музичарот Еван Виникер. Меѓутоа, набргу потоа, во интервју за магазинот „Harper’s Bazaar“, таа откри дека повеќе не се заедно.

Слични содржини