„Ландгеист“: Македонија трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје

од Nikola Popovski
542 прегледи

Повеќето европски земји се познати по нивните строги закони за оружје. Статистичкиот портал „Ландгеист“ објави анализа, базирана на податоци, со цел да ја видиме стапката на смртност од оружје низ Европа.

Според објавеното, стапката на смртност од огнено оружје е највисока во Турција (18,16), Албанија (15,20) и Македонија (12,25 случаи на милион жители). Стапката на смртност од оружје во Европа е повисока во крајниот источен и југоисточен дел на Европа.

Најниски стапки може да се забележат во Велика Британанија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Интересно е што овие три земји (вклучувајќи ја и Ирска) се единствените земји во Европа каде полицијата не носи оружје.

Во секоја земја од Северна и Јужна Америка, освен Канада и Куба, стапката на смртност од оружје е повисока од Турција. За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69 случаи на милион жители.

Ваквите податоци се на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.

 „Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

Слични содржини