Лани го откажа настапот поради расправија: Познатата пејачка ќе настапи на Греми

324 прегледи

Пејачката Ариана Гранде се враќа на доделувањата на Греми наградите по минатогодишниот спор со продуцентите поради настапот.

Популарната пејачка на социјалните мрежи објави дека ќе настапи на 26 јануари на 62. доделувања на престижните музички награди.

Кратко потоа, информацијата е потврдена и на официјалиот Инстаграм профил на Греми, пишува CNN.

https://www.instagram.com/p/B7MMbVyl7IP/?utm_source=ig_embed

Минатата година Гранде одлучила дека нема да настапи на доделувањата на наградите по спорот со продуцентите.

Тогаш и замериле бидејќи организаторите не и дозволиле сама да ги одбере песните кои сака да ги изведе, поради што го откажала целиот настап.

Поп-ѕвездата оваа година е номинирана во пет категории, а на музичкиот настан ќе настапи непосредно по објавувањето на концертниот албум „“k bye for now (swt live) и по завршувањето на Sweetener World турнејата во Лос Анџелес.

Слични содржини