Лани регистрирани 757 дивоградби од кои скоро сите се во приватна сопственост

од Nikola Popovski
17 прегледи

Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), осум скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %),  93 натстрешници (12.3 %),  26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %).

Најголем број бесправно изградени објекти, 93.8 %, се во приватна сопственост.

Слични содржини